ПРЕД БЕЛАТА КУЌА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ОГРОМЕН КАФЕЗ ЗА УЛТИМЕЈТ ФАЈТ

    ПРЕД БЕЛАТА КУЌА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ОГРОМЕН КАФЕЗ ЗА УЛТИМЕЈТ ФАЈТПовеќе од 4.300 луѓе ќе присуствуваат на настанот на јужниот тревник (Фото: АП)

    Белата куќа почна да гради кафез за ултимејт фајт (УФЦ) на својот јужен тревник, во пресрет на одбележувањето на 250 години независност на САД следниот месец. Работниците склопуваат лакови од куполата и простор за сцена, кои ќе формираат прстен во форма на осумаголник, опкружен со ограда од жичана мрежа и илјадници привремени седишта.

    Доналд Трамп претходно кажа дека тоа ќе биде најголемиот настан во историјата на УФЦ, со арена сместена пред главниот влез во Белата куќа. Насловен „УФЦ Слобода 250“, настанот ќе се одржи на 14 јуни, а УФЦ ќе потроши околу 60 милиони долари на проектот. И покрај големината на проектот, ќе се одржат само две борби за титула.

    Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, овој месец кажа дека повеќе од 4.300 луѓе ќе присуствуваат на настанот на јужниот тревник, најголем дел од нив припадници на војската, а ќе бидат поделени 85.000 билети за следење на борбите во паркот Елипс. Од УФЦ кажаа дека карти нема да се продаваат и организацијата нема да оствари профит.

    Никогаш не сум видел некој да сака нешто толку многу колку што луѓето ги сакаат тие билети“, рече Трамп.

    Белата куќа во минатото беше домаќин на рекреативни спортски настани, но шоуто на УФЦ ќе биде првиот професионален спортски настан во живо одржан на нејзиниот имот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира