Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва е примен в болница за тестирање, 10 дена откако беше позитивен на тестот за коронавирус, објави владата. Примен е во болница во Лондон со долготрајни симптоми меѓу кои и температура, како мерка за предострожност по совет на неговиот лекар, и се очекува да биде задржан во текот на ноќта.
Џонсон работеше од дома, откако на 27 март беше објавено дека е позитивен на тестот за коронавирус. Последен пат се појави во јавност во четвртокот вечерта кога од својот стан им аплаудраше на здравствените работници, а во петокот претседаваше со владина седница.