ПРИКЛУЧУВАЊЕТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН КОН ЕУ БИ РЕШИЛО МНОГУ ПРОБЛЕМИ, ВЕЛИ ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ПРЕСРЕТ НА СЛОВЕНЕЧКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ОД 1 ЈУЛИ

    ПРИКЛУЧУВАЊЕТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН КОН ЕУ БИ РЕШИЛО МНОГУ ПРОБЛЕМИ, ВЕЛИ ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ПРЕСРЕТ НА СЛОВЕНЕЧКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ОД 1 ЈУЛИЈанша вели дека ќе се залага за агресивно прошируавње на Унијата (Фото: КПВ)

    Словенечкиот премиер Јанез Јанша, чија земја на 1 јули го презема претседателството на Европската Унија, изјави дека ќе се залага за агресивно проширувaње на блокот, со фокус на примањето на сите држави од Западен Балкан.

    „Што се однесува до проширувањето на ЕУ, тоа е стратешки одговор на многу актуелни предизвици“, кажа Јанша на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

    Тој смета дека приклучувањето на целиот Западен Балкан кон ЕУ би помогнало да се решат бројни проблеми, вклучувајќи ги миграцијата и штетното мешање на геополитичките ривали, како Русија, Кина и Турција.

    „Влегувањето во ЕУ беше одговор за Словенија и сè уште е одговор за други соседни земји. Се разбира, ова нема да може да се реши уште утре, туку е потребен консензус во рамките на Унијата“, вели Јанша, додавајќи дека е свесен дека таква едногласност ќе биде тешко да се постигне.

    Тој најави дека Словенија на 6 октомври ќе организира неформален самит на членките на ЕУ и лидерите од Западен Балкан, на кој ќе се обиде да ги помести работите од мртва точка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира