ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ЌЕ ДОЈДЕ НА МАШКОТО ФИНАЛЕ ВО ВИМБЛДОН МЕЃУ АЛКАРАЗ И ЃОКОВИЌ

    ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ЌЕ ДОЈДЕ НА МАШКОТО ФИНАЛЕ ВО ВИМБЛДОН МЕЃУ АЛКАРАЗ И ЃОКОВИЌОткако објави дека се лекува од рак, принцезата од Велс прват се појави во јавност минатиот месец на роденденската парада на кралот Чарлс Трети. (Фото: АП)

    Принцезата од Велс утре треба да присуствува на машкото финале на Вимблдон, што е ретко појавување во јавноста по нејзината дијагноза за рак. Палатата Кенсингтон денеска потврди дека Кејт, сопругата на престолонаследникот принцот Вилијам, ќе биде во Кралската ложа на Централниот терен за да го гледа бранителот на титулата Карлос Алкараз во мечот против Новак Ѓоковиќ.

    Сепак, таа нема да присуствува на денешното женско финале помеѓу Јасмин Паолини и Барбора Крејчикова. Организаторите на Вимблдон рекоа дека трофејот на победникот наместо тоа ќе го врачи Дебора Џеванс, претседателката на клубот Ол Ингланд.

    Кејт е покровителка на клубот Ол Ингланд од 2016, со церемонијални должности кои вклучуваат доделување на победничкиот пехар по секое финале во сингл за мажи и жени. Но, таа досега во јавност се појави само еднаш откако во март објави дека ѝ бил дијагностициран рак, а тоа беше на роденденската парада на кралот Чарлс Трети минатиот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира