Принцот Чарлс е позитивен на коронавирус, потврдија од неговата резиденција Кларенс Хаус.
Оттаму кажаа дека 71-годишниот наследник на британскиот трон имал благи симптоми, но неговото општо здравје е добро.
Неговата сопруга, војвотката од Корнвол, исто така е тестирана, но не е заразена. Од Кларенс Хаус кажаа дека Чарлс и Камила сега се наоѓаат во самоизолација во Балморал, Шкотска.
„Тешко е да се каже од кого тој се заразил“, изјави портпаролот на резиденцијата.