ПРИНЦОТ ЧАРЛС ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    ПРИНЦОТ ЧАРЛС ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСПринцот Чарлс имал благи симптоми и сега е во самоизолација во Шкотска (Фото: Гети)

    Принцот Чарлс е позитивен на коронавирус, потврдија од неговата резиденција Кларенс Хаус.

    Оттаму кажаа дека 71-годишниот наследник на британскиот трон имал благи симптоми, но неговото општо здравје е добро.

    Неговата сопруга, војвотката од Корнвол, исто така е тестирана, но не е заразена. Од Кларенс Хаус кажаа дека Чарлс и Камила сега се наоѓаат во самоизолација во Балморал, Шкотска.

    „Тешко е да се каже од кого тој се заразил“, изјави портпаролот на резиденцијата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари