ПРИНЦОТ ФИЛИП ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН НА 17 АПРИЛ, ПАЛАТАТА ГО ОРГАНИЗИРА ПОГРЕБОТ СПОРЕД НЕГОВИТЕ ПОСЛЕДНИ ЖЕЛБИ

    ПРИНЦОТ ФИЛИП ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН НА 17 АПРИЛ, ПАЛАТАТА ГО ОРГАНИЗИРА ПОГРЕБОТ СПОРЕД НЕГОВИТЕ ПОСЛЕДНИ ЖЕЛБИПринцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, почина вчера на 99 години. (Фото: Гети)

    Погребот на британскиот принц Филип е закажан за 17 април, следната сабота, во 15 часот по британско време, соопшти Бакингамската палата. Сопругот на кралицата Елизабета Втора почина вчера, на 99 години.

    Посмртните останки на војводата од Единбург ќе бидат поставени во ковчег во приватна капела во замокот Виндзор. Нема да има јавно изложување на ковчегот за да може јавноста да се прости од принцот. На денот на погребот, ковчегот ќе биде преместен во „ленд ровер“ кој бил омилен на војводата. Оттука ќе биде пренесен до капелата „Сент Џорџ“, а поворката ќе ја придружуваат припадници на вооружените сили. Во соопштението се вели дека подготовките за погребната церемонија се во согласност со последните желби на војводата и се адаптирани на ковид протоколите.

    Војводата од Сасекс, принцот Хари, ќе допатува од неговиот дом во САД и ќе им се придружи на останатите членови на кралското семејство.

    Денеска, низ Велика Британија се одржа почесна стрелба во чест на смртта на принцот Филип. Низ цела земја ќе има осумдневна жалост.

    „Иако е ова време на тага и жалост, во следните денови ќе имаме можност да одбележиме еден исклучителен живот“, изјави портпаролот на Палатата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира