ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО

    ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВОМеган и Хари неодамна признаа дека се мачат да се справат со притисокот на јавноста (Фото: Гети)

    Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека ќе се повлечат од своите кралски должности и ќе работат на тоа да бидат финансиски независни. Во соопштението што го објави Бакингамската палата стои и дека принцот Хари и Меган Маркл ќе поминуваат време и во Велика Британија и во Северна Америка.

    Двојката кажа дека и натаму ќе ѝ дава полна поддршка на кралицата. Ова доаѓа неколку месеци откако тие признаа дека се мачат да се справат со притисокот на јавноста.

    „Ја донесовме оваа одлука по многу месеци преиспитување и меѓусебни дискусии. Намераваме да отстапиме од нашите високи должности како членови на кралското семејство и да работиме на тоа да станеме целосно финансиски независни. Се чувствуваме подготвени за такво нешто“, објавија тие на Инстаграм.

    Пред божиќните празници, Хари и Меган зедоа шестнеделен одмор од своите обврски со цел да поминат повеќе време со својот син Арчи во Канада. Тие вчера се вратија во Велика Британија.

    Меган Маркл живееше и работеше во Торонто додека ја снимаше серијата „Одела“.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира