ПРИВРЕМЕНО ПАДНАА ГОЛЕМ БРОЈ ВОДЕЧКИ СВЕТСКИ САЈТОВИ ПОРАДИ МАСИВЕН ПРЕКИН ВО ИНТЕРНЕТОТ

    ПРИВРЕМЕНО ПАДНАА ГОЛЕМ БРОЈ ВОДЕЧКИ СВЕТСКИ САЈТОВИ ПОРАДИ МАСИВЕН ПРЕКИН ВО ИНТЕРНЕТОТНа многу сајтови се појави пораката дека се недостапни

    Голем број водечки сајтови и апликации на светот паднаа денеска, вклучувајќи и медиуми, што се поврзува со проблеми со нивниот провајдер „Фестли“.

    Во одреден дел од денот не можеше да се влезе во сајтовите на Би-Би-Си, Си-Ен-Ен, „Гардијан“, „Индипендент“, „Фајненшл тајмс“, „Њујорк тајмс“., како и на британската влада. Не работеше и страницата на „Амазон“, а не можеше да се пристапи и на апликациите Твич и Редит.

    „Фестли“, кој ги одржува сите овие сајтови, објави дека испитува проблеми во својата мрежа за глобална испорака на содржини. По некое време, сајтовите повторно почнаа нормално да работат.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира