ПРОДОЛЖУВА ПАДОТ НА ШВАЈЦАРСКИОТ БАНКАРСКИ ГИГАНТ „КРЕДИТ СВИС“, РЕАГИРААТ И СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ

    ПРОДОЛЖУВА ПАДОТ НА ШВАЈЦАРСКИОТ БАНКАРСКИ ГИГАНТ „КРЕДИТ СВИС“, РЕАГИРААТ И СВЕТСКИТЕ БЕРЗИАкциите на „Кредит Свис“ во еден момент паднале за 30% (Фото: Гети)

    Вредноста на акциите на проблематичниот швајцарски банкарски гигант „Кредит Свис“ падна на рекордно ниско ниво додека инвеститорите остануваат крајно внимателни по пропаѓањето на „Силикон Вели бенк“, до неодамна една од најдобрите банки во САД.

    Акциите на „Кредит Свис“ во еден момент паднале за 30%, продолжувајќи го падот од вторникот, кога била откриена „материјална слабост“ во нејзините сметководствени контроли. Загриженоста на инвеститорите се прошири на пазарите на акции, при пто сите главни индекси нагло паднаа: во Велика Британија за 3,2%, во Франција за 3,5%, во Германија за 3%, а во Шпанија за 4%. Паднаа и трите главни берзи во САД, бидејќи беа погодени акциите во големите и малите банки.

    Проблемите во ‘Кредит Свис‘ го покренаа прашањето дали е ова почеток на светска криза или е само поединечен случај“, вели Ендрју Кенингам од „Капитал економикс“.

    Проблемите во банкарскиот сектор почнаа во САД минатата недела со колапсот на „СВБ“, 16-та најголема банка во земјата. Банката беше затворена од американските регулатори во петокот, што беше најголемо пропаѓање на една банка во САД од 2008.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира