ПРОЕКТИЛИ НА „БОИНГ“ ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО НОВАТА АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

    ПРОЕКТИЛИ НА „БОИНГ“ ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО НОВАТА АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНАОд почетокот на руската инвазија, САД имаат испратено воена помош од 27,2 милијарди долари (Фото: АП)

    Вашингтон е подготвен да одобри нова воена помош за Украина вредна 2,2 милијарди долари, која првпат ќе вклучува ракети со подолг дострел, како и муниција и други оружја. Ова следува ден откако Џо Бајден кажа дека САД нема да ѝ дадат борбени авиони „Ф-16“ на Украина.

    Официјални лица кажаа дека новиот пакет ќе биде објавен во следните денови и се очекува да ги вклучува и противвоздушните системи „патриот“.

    САД го одбија барањето на Киев за испраќање на проектили АТАЦМС, кои имаат дострел од речиси 300 километри. Место тоа, новиот пакет ќе содржи проектили произведени од „Боинг“, чиј дострел е околу 150 километри. И со овие проектили, Украина ќе може да гаѓа руски цели кои досега не ѝ беа во дометот.

    Боинг“ првпат ги предложи проектилите ГЛСДБ во ноември и тогаш беше најавено дека Украина би можела да ги добие до пролет. Овие проектили се заеднички проект на „Боинг“ и „Сааб“ и комбинираат бомба со мал дијаметер ГБУ-39 и ракетен мотор „М26“, кои ги има во доволен број во американските воени резерви. Овие проектили можат да се користат во сите временски услови и да уништуваат оклопни возила.

    Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од 11 месеци, САД имаат испратено воена помош од 27,2 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира