„Ауди“ пријави уште еден разочарувачки квартал откако неговиот оперативен профит паднал за 91% во изминатите три месеци. Падот делумно се должи на напорите за реструктурирање, што вклучува и претстојно затворање на фабриката во Брисел.
Автокомпанијата се соочува со растечка конкуренција, ограничен пристап кон резервни делови и предизвикувачко пазарно окружување. Продажбите на марките „Ауди“, „Ламборгини“ и „Бентли“ паднале за 10,5% во првите девет месеци од годината. Вкупните продажби во САД се намалиле за 16,8%, а во Европа и Кина за 9,8%, односно за 8,5%. Групацијата испорачала 1,25 милиони возила во првите девет месеци на 2024, наспроти 1,4 милиони во истиот период лани.
Продажбите се намалиле од 50 милијарди долари на 46,3 милијарди, но падот е уште поизразен кај оперативниот профит, кој паднал од 4,5 милијарди долари на 2,1 милијарда. Во последните три месеци, тој изнесувал само 108 милиони долари.