ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛАТА И ЦРНИТЕ КУТИИ ОД УРНАТИОТ АВИОН НА ПРИГОЖИН

    ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛАТА И ЦРНИТЕ КУТИИ ОД УРНАТИОТ АВИОН НА ПРИГОЖИНАвионот на Пригожин се урна во средата вечер.(Фото: Телеграм)

    Руските истражители објавија дека пронашле тела на десет лица кои загинаa по падот на авионот во кој се наоѓал шефот на приватната армија Вагнер, Евгениј Пригожин.

    Истражителите ги пронашле и црните кутии со податоци за летот на авионот што се урна во средата.

    „Во тек е молекуларно генетско тестирање за да се утврди нивниот идентитет.
    Пронајени се црни кутии и во тек е детално испитување на местото на несреќата“, се во соопштението на Рускиот истражен комитет.

    Авионот на Пригожин се урна во средата вечер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира