ПРОТЕСТ МЕСТО УЧИЛИШТЕ – МЛАДИТЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ БАРААТ КОНКРЕТНА АКЦИЈА ПРОТИВ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

    ПРОТЕСТ МЕСТО УЧИЛИШТЕ – МЛАДИТЕ НИЗ ЦЕЛ СВЕТ БАРААТ КОНКРЕТНА АКЦИЈА ПРОТИВ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИУчилишните штрајкови денеска се одржуваат во повеќе од 100 земји (Фото: Гети)

    Ученици низ цел свет денеска избраа да не одат на училиште и излегуваат на улица за да протестираат против неспособноста на владите во нивните земји да преземат конкретна акција против климатски промени.

    Координираните „училишни штрајкови“, што се одржуваат во 2.000 градови во повеќе од 100 земји, од Јужен Пацифик до работ на Арктички Круг, се инспирирани од шведската тинејџерка Грета Тунберг, која во август почна сама да протестира пред парламентот во Стокхолм, покренувајќи глобално движење на младите. Тунберг вчера беше номинирана за Нобелова награда за мир.

    Непал (Фото: Твитер)

    Денешните маршови треба да бидат кулминација на протестите што се одржуваа изминатиов период по градовите и една од најголемите меѓународни акции досега. Берлин, Хонг Конг, Хелсинки, Велингтон, Њу Делхи, Непал, Скопје…, голем број градови се приклучуваат кон протестите, а само во Италија се планирани 235 училишни штрајкови, повеќе од која било држава.

    Оулу, Арктички Круг, Финска (Фото: Твитер)

    Некои политичари ги критикуваа протестите, сметајќи дека на младите не им е место на улица, но илјадници научници и професори потпишаа петиции за поддршка.

    „Ние сме професионалци и велиме дека младите генерации се во право. Треба да бидеме исклучително благодарни за нивната храброст. Храбро е да решиш еднаш да не одиш на училиште“, изјави Фолкер Квашинг, професор на Универзитетот за применети науки во Берлин.

    Во Италија се планирани 235 штрајкови (Фото: Твитер)

    Хонг Конг (Фото: АП)

    Норвешка (Фото: АП)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира