ПРОТЕСТИ И НЕРЕДИ ВО БУЕНОС АИРЕС, ИЗГЛАСАНИ КОНТРОВЕРЗНИТЕ ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ

    ПРОТЕСТИ И НЕРЕДИ ВО БУЕНОС АИРЕС, ИЗГЛАСАНИ КОНТРОВЕРЗНИТЕ ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИМедиумите ја опишаа сцената како бојно поле (Фото: АФП)

    Аргентинскиот Сенат тесно го изгласа контроверзниот пакет екомомски реформи на претседателот Хавиер Милеј, додека на улиците на Буенос Аирес се одвиваа жестоки протести и нереди. Демонстрантите, кои сметаат дека реформите ќе погодат милиони луѓе, фрлаа молотови коктели и камења и палеа автомобили.

    Во протестите има повредени, а медиумите ја опишаа сцената како бојно поле.

    Реформите, кои треба да ја оживеат економијата на земјата, предвидуваат прогласување вонредна екомомска состојба, кратење на пензиите и намалување на работничките права.

    Шест месеци откако Милеј беше избран за претседател среде големата економска криза, годишната инфлација се ближи кон 300%, а повеќе од половина Аргентинци живеат во сиромаштија. На шок-мерките на Милеј се противат левичарските партии, работничките синдикати и социјалните организации.

    Најмалку 20 полицајци се повредени во нередите, на кои демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на Конгресот.

    „Не можеме да веруваме дека Аргентина дискутира за закон што ќе нѐ врати 100 години назад“, изјави 55-годишниот демонстрант Фабио Нуњес.

    Милеј им се заблагодари на безбедносните сили што „спречиле терористи да извршат државен удар“.

    „Ќе ја промениме Аргентина и ќе ја направиме најлиберална држава на светот“, кажа Милеј, кој претходно го преполови својот кабинет и укина 50.000 државни работни места во интерес на штедењето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира