ПРОТЕСТИ ВО ИРАН ПО СМРТТА НА 22-ГОДИШНА ДЕВОЈКА УАПСЕНА ОД МОРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА

    ПРОТЕСТИ ВО ИРАН ПО СМРТТА НА 22-ГОДИШНА ДЕВОЈКА УАПСЕНА ОД МОРАЛНАТА ПОЛИЦИЈАПротестот се одржа по погребот на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена од таканаречената морална полиција поради нејзината шамија. (Фото: Твитер)

    Иранските безбедносни сили синоќа користеа солзавец да ги растера демонстрантите собрани во северозападниот град Сакез по смртта на млада жена во притвор.

    Протестот се одржа по погребот на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена од таканаречената морална полиција поради нејзината шамија. Таа почина во петокот, откако помина три дена во кома. Полицијата тврди дека починала од срцев удар, но граѓаните се сомневаат дека била претепана.

    На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа дека демонстрантите скандираат антивладини слогани, вклучувајќи „смрт за диктаторот“, референца за иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Камнеи.

    Амини беше во посета на роднини во главниот град Техеран кога беше уапсена од полициска единица задолжена да ги спроведува строгите ирански правила за облекување на жените.

    Полицијата соопшти дека таа била дел од група жени однесени во полициска станица за да им се дадат инструкции како да се облекуваат.

    По исламската револуција во 1979 година, во Иран сите жени мора да носат шамија за да ги покријат главата и вратот и не смее да им се гледа косата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира