ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ОРБАН СТАНУВААТ СÈ ПОМАСОВНИ, ПОЛИЦИЈАТА ПРВПАТ УПОТРЕБИ СОЛЗАВЕЦ

    ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ОРБАН СТАНУВААТ СÈ ПОМАСОВНИ, ПОЛИЦИЈАТА ПРВПАТ УПОТРЕБИ СОЛЗАВЕЦДемонстрантите се судрија со полицијата пред зградата на државната телевизија, кога се обидоа да влезат во неа (Фото: Гети)

    Околу 10.000 луѓе маршираа на улиците на Будимпешта на четвртиот и најголем протест откако минатата недела беше усвоен новиот закон за работни односи, што критичарите го нарекоа „закон за робови“, бидејќи тој им дозволува на работодавците да бараат од своите вработени 400 часови прекувремена работа годишно.

    Протестите во еден момент станаа насилни, кога демонстрантите се судрија со полицијата пред зградата на државната телевизија, кога се обидоа да влезат во неа. Полицијата употреби и солзавец за да ја растера масата.

    Насловен како „Честит Божиќ, премиере“, протестот го предводеа работничките синдикати и студентите, додека партијата на Виктор Орбан, Фидес, обвини дека е организиран од странски платеници, финансирани од милијардерот Џорџ Сорос.

    Владата на Орбан продолжи да го брани законот, сметајќи дека корист од него ќе имаат и работодавците и работниците, во времето кога земјата се соочува со недостиг на работна сила. Досегашниот максимум на прекувремена работа изнесуваше 250 часови годишно.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира