ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД НОВ ТРЕТМАН ЗА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19 ПОКАЖАА ДЕКА ЗА 79 ОТСТО ГИ НАМАЛУВА ШАНСИТЕ ЗА СЕРИОЗНА ФОРМА НА БОЛЕСТА

    ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД НОВ ТРЕТМАН ЗА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19 ПОКАЖАА ДЕКА ЗА 79 ОТСТО ГИ НАМАЛУВА ШАНСИТЕ ЗА СЕРИОЗНА ФОРМА НА БОЛЕСТАПрвичните резултати, објавени во кусо соопштение, се ветувачки. Формата на лекот што се зема со инхалација покажа дека шансите хоспитализираните пациенти да развијат сериозна форма на болеста се помали за 79 отсто, споредено со пациентите кои примиле плацебо. (Фото: Сајнаирген)

    Британска компанија соопшти дека често употребуван лек може да ги намали шансите заразените со коронавирус да развијат тешка форма на болеста, што е добра вест во трката да се најде третман за КОВИД-19. Лекот, базиран на интерферон бета, протеин кој природно се создава во телото како одговор на вируси, влезе во фокусот на истражувањата во Британија, Кина и САД.

    Научниците открија дека коронавирусот го напаѓа телото делумно со блокирање на природниот одговор со интерферон бета, разоружувајќи ги клетките кои треба да ги алармираат соседните клетки да ги активираат нивните гени за да се одбранат од вирусот. Во теорија, давањето интерферон бета на пациентите без несакани ефекти досега се покажа исклучително тешко.

    Симптомите на сезонскиот грип, на пример, се последица на одговорот на интереферон бета. Британската компанија „Сајнаирген“ се обиде да го реши проблемот, развивајќи форма на лекот што се зема со инхалација, место со инјекција. Компанијата спроведе мало тестирање на пациенти хоспитализирани со КОВИД-19 во девет британски болници.

    Првичните резултати, објавени во кусо соопштение, се ветувачки. Формата на лекот што се зема со инхалација покажа дека шансите хоспитализираните пациенти да развијат сериозна форма на болеста се помали за 79 отсто, споредено со пациентите кои примиле плацебо.

    Но, првичните резултати се врз основа на тестирање на само 101 пациент и тоа е далеку од доволно да се тврди со сигурност колку е корисен лекот. Компанијата исто така тестирала на помалку пациенти отколку што пријавила дека ќе тестира.
    Научници забележаа и дека интерферон бета одамна се дава со инјекции при инфекции на хепатит, но формата на лекот со инхалација сè уште не е одобрена.

    Сепак, среде кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, резултатите се привлечни. Ако се потврдат евентуално, тоа ќе претставува едно од најзначајните откритија досега за третман на пациенти со КОВИД-19, велат виролози.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира