ПУКАЊЕ ВО БОЛНИЦА ВО РОТЕРДАМ, НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА МРТВИ

    ПУКАЊЕ ВО БОЛНИЦА ВО РОТЕРДАМ, НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА МРТВИУапсен е 32-годишен маж, кој се поврзува со двете пукања (Фото: ЕПА)

    Најмалку двајца луѓе се убиени во денешното пукање на две места во Ротердам, потврди полицијата. Таа кажа дека е уапсен 32-годишен маж кој се поврзува со двете пукања, чиј мотив засега не е познат.

    Жртвите се 39-годишна жена и 42-годишен маж, кој предавал на Универзитетот Еразмус. Напаѓачот бил студент на овој универзитет. Меѓу ранетите е 14-годишната ќерка на убиената жена“, изјави шефот на полицијата Фред Вестербеке.

    Локалните медиуми известија дека првото пукање се случило во приватна куќа, каде што се ранети две лица и бил подметнат пожар. Осомничениот напаѓач потоа упаднал во медицинскиот центар „Еразмус“ во Ротердам, каде што продолжил да пука и таму бил уапсен.

    Полицијата додаде дека нема други вмешани во пукањата.

    Осомничениот носеше војничка облека, ранец и пиштол“, соопшти полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира