Повеќемина загинаа и се повредени при пукањето во трговски центар во Минхен, потврди полицијата. 
Германските медиуми известуваат дека има најмалку 10-15 мртви. Потврдени се извештаите дека има ново пукање во метро станицата Стахус во центарот на Минхен. 
Вооружен маж трчал низ трговскиот центар и пукал на луѓето, по што тој наводно побегнал кон подземната железница, вели очевидец. „Веруваме дека станува збор за вооружен напад“, изјавија властите. Потврдено е дека има повеќе од еден напаѓач.
Деталите од инцидентот уште не се познати, полициската акција е во тек, а областа околу трговскиот центар Олимпија – Ајнкауфцентрум (ОЕЗ) е блокирана. 
Ова e најголемиот трговски центар во Баварија. 
Хеликоптери го надлетуваат трговскиот центар, а на работниците им е забрането да ги напуштат продавниците. 
Ова е втор напад во Минхен за помалку од една недела. Во понеделникот, 17-годишен имигрант од Авганистан повреди 4 луѓе со секира и нож во воз во баварскиот град Вурцбург.

 
                                     
                                    

