ПУТИН БАРА СРЕДБА ЕДЕН НА ЕДЕН СО ЗЕЛЕНСКИ СО ШЕСТ УСЛОВИ

    ПУТИН БАРА СРЕДБА ЕДЕН НА ЕДЕН СО ЗЕЛЕНСКИ СО ШЕСТ УСЛОВИРусија има шест услови за крај на војната во Украина (Фото: АП)

    Владимир Путин побарал директна средба со Володимир Зеленски за да преговараат за руските услови за крај на војната во Украина. Рускиот претседател ги изложил своите, веќе познати услови во вчерашниот телефонски разговор со Реџеп Таип Ердоган, при што рекол дека за некои од нив ќе мора да преговара еден на еден со Зеленски.

    Украинскиот лидер веќе изрази подготвеност да се сретне и преговара со Путин.

    Според главниот советник и портпарол на Ердоган, Ибрахим Калин, кој присуствувал на телефонскиот разговор, барањата на Путин можат да се поделат во две категории.

    „Првите четири барања Украина лесно би ги исполнила. Најважното меѓу нив е прифаќањето да стане неутрална и да се откаже од членството во НАТО, што Зеленски веќе го навести“, изјави Калин, додавајќи дека тука спаѓаат и неколку услови со кои Русија сака да си го спаси образот по оваа воена авантура.

    „Украина треба да се разоружи и да покаже дека не е закана за Русија, треба да го заштити рускиот јазик во земјата и да го спроведе она што Путин го нарекува денацификација“.

    Калин смета дека поголем проблем се барањата од втората категорија, за кои Путин сакал лично да преговара со Зеленски.

    „Тие се однесуваат на статусот на Донбас и Крим“, кажа Калин, не навлегувајќи во детали.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира