ПУТИН ДОЗВОЛИ ОСУДЕНИ УБИЈЦИ И ДРУГИ КРИМИНАЛЦИ ДА БИДАТ МОБИЛИЗИРАНИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ПУТИН ДОЗВОЛИ ОСУДЕНИ УБИЈЦИ И ДРУГИ КРИМИНАЛЦИ ДА БИДАТ МОБИЛИЗИРАНИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНАНовиот закон овозможува и мобилизација на лица кои извршиле сериозни кривични дела (Фото: АФП)

    Осудени убијци и дилери на дрога ќе можат да бидат регрутирани за војната во Украина, според законските измени што ги потпиша Владимир Путин. Овие измени овозможуваат и мобилизација на лица кои извршиле сериозни кривични дела и за тоа служеле затвор, објави новинската агенција РИА и ги вклучува и оние кои биле осудени за предавство и шпионажа.

    И шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин, во септември беше снимен како регрутира борци меѓу руски затвореници, ветувајќи им слобода ако преживеат шест месеци во Украина. 

    Истражна комисија формирана од Обединетите нации извести во септември дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина, што вклучува егзекуции на цивили и силувања. Киев, пак, вели дека досега идентификувал десетици илјади можни случаи на воени злосторства, додека Русија продолжува да негира дека напаѓа цивили.

    Пред неколку дена, руското министерство за одбрана кажа дека завршила делумната мобилизација што Путин ја прогласи на 21 септември по серија воени неуспеси во Украина. Путин изјави дека мобилизацијата опфатила 318.000 резервисти, од кои 49.000 веќе учествуваат во борбите во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира