Џо Бајден го опиша Владимир Путин како касап при денешната средба со украинските бегалци во Полска. Тој ја посети Полска на крајот на својата четиридневна европска турнеја, при што се сретна и со дел од украинските министри, за првпат од почетокот на руската инвазија пред еден месец.
Запрашан од новинарите што мисли за Владимир Путин, Бајден одговори:
„Тој е касап“.
Реагирајќи на овој коментар на Бајден, Кремљ кажа дека со таквите изјави уште повеќе се намалуваат шансите за подобрување на односите помеѓу САД и Русија.
Додека Бајден беше во Варшава, Русите продолжија да ги гранатираат украинските градови, при што две моќни експлозии попладнево се слушнаа и во Лавов на западот на земјата.
На средбата со украинските министри за надворешни работи и одбрана, Бајден вети дека ќе ја зголеми американската воена помош за Украина.