ПУТИН Е ВО ЗАБЛУДА, МОЖЕ ДА НАПАДНЕ УШТЕ НЕКОЈА ДРЖАВА ПОСЛЕ УКРАИНА, КАЖА ТРАМП

    ПУТИН Е ВО ЗАБЛУДА, МОЖЕ ДА НАПАДНЕ УШТЕ НЕКОЈА ДРЖАВА ПОСЛЕ УКРАИНА, КАЖА ТРАМПТрамп призна дека завршувањето на војната во Украина ќе биде тешко (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека Русија би можела да нападне уште некоја држава по инвазијата врз Украина. Американскиот претседател одржа прес-конферецнија на крајот на самитот на НАТО во Хаг, каде што членките едногласно прифатија да се зголемат издвојувањата за одбрана од 2% на 5% од бруто домашниот производ, што тој го опиша како голема победа за САД и западот.

    Запрашан дали го смета Владимир Путин за непријател и дали верува дека тој има територијални амбиции подалеку од Украина, Трамп одговори:

    Можно е. Го сметам за личност која е во заблуда“.

    Трамп кажа и дека Путин му се јавил за да понуди помош во решавањето на израелско-иранскиот конфликт.

    Ми се јави за да ме праша дали ми треба помош околу Иран. Му реков, не, но можеш да ми помогнеш околу Русија“.

    Трамп призна дека завршувањето на војната во Украина ќе биде тешко.

    Тоа е потешко и посложено одошто мислат луѓето. Имав некои проблеми со Зеленски, но Путин е уште потежок“, кажа Трамп, додавајќи дека имал добар состанок со Зеленски на маргините на самитот.

    Во исто време, државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги одбил повиците на европските сојузници да се воведат нови санкции за Русија. Тој признал дека Русија ги одолговлекува мировните разговори со Украина, но го повторил ставот на американската влада дека сега не е време за нови санкции.

    Ако го направиме она што сите тука го сакаат од нас, а тоа е да ја скршиме Русија со повеќе санкции, веројатно ќе ја изгубиме можноста да разговараме со неа за прекин на огнот. Потоа, кој ќе разговара со нив?“, рече Рубио.

    Иако предлог-законот за санкции од републиканскиот сенатор Линдзи Грем има повеќе од 80 коспонзори, што е повеќе од доволно за да се поништи потенцијалното претседателско вето, лидерот на мнозинството во Сенатот, Џон Тун, кажа оти прво чека сигнал дека Трамп ја поддржува мерката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира