ПУТИН ГО ПОДДРЖУВА КИНЕСКИОТ МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА, ВЕЛИ ДЕКА ПЕКИНГ РАЗБИРА ШТО СТОИ ЗАД КОНФЛИКТОТ

    ПУТИН ГО ПОДДРЖУВА КИНЕСКИОТ МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА, ВЕЛИ ДЕКА ПЕКИНГ РАЗБИРА ШТО СТОИ ЗАД КОНФЛИКТОТПутин ќе го посети Пекинг следната недела (Фото: АП)

    Владимир Путин изјави дека го поддржува кинескиот план за мирно решавање на украинската војна, додавајќи дека Пекинг има целосно разбирање за тоа што се крие зад кризата. Путин, кој даде интервју за кинеската новинска агенција „Синхуа“ пред посетата на Пекинг следната недела, кажа дека Русија останува отворена за дијалог и преговори за да се стави крај на војната која трае повеќе од две години.

    Кинескиот план и понатамошните принципи објавени од претседателот Шји Џинпинг минатиот месец ги земаат предвид факторите зад конфликтот. Позитивно го оценуваме пристапот на Кина кон решавањето на украинската криза. Во Пекинг навистина ги разбираат основните причини на конфликтот и неговото глобално геополитичко значење. А, понатамошните принципи, кои Шји ги изложи во разговорите со германскиот канцелар Шолц, се реалистични и конструктивни чекори кои го надминуваат менталитетот на студена војна“, изјави Путин.

    Пекинг изложи мировен план со 12 точки пред повеќе од една година, во кој предложи генерални принципи за крај на војната, но не и специфични детали. Планот тогаш наиде на млак прием во Русија и Украина, додека САД кажаа дека Кина се обидува да се наметне како миротворец додека го прифаќа лажниот наратив на Москва и не ја осудува инвазијата.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатиот месец го опиша кинескиот план како разумен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира