ПУТИН ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА СОЈУЗНИЦИТЕ ОРБАН И ВУЧИЌ НА ИЗБОРНИТЕ ПОБЕДИ

    ПУТИН ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА СОЈУЗНИЦИТЕ ОРБАН И ВУЧИЌ НА ИЗБОРНИТЕ ПОБЕДИОрбан во својот победнички говор ги опиша бирократите од Брисел и Зеленски како противници (Фото: АП)

    Владимир Путин им честиташе на Србија и Унгарија на изборните резултати.

    „И покрај тешката меѓународна ситуација, натамошниот развој на билатералното партнерство целосно одговара на интересите на народите на Русија и Унгарија“, стои во писмото на рускиот лидер до Виктор Орбан, чија партија Фидес однесе убедлива победа во Унгарија.

    Путин му честиташе и на Александар Вучиќ на освоениот втор претседателски мандат.

    „Исходот на изборите ја потврдува широката поддршка на јавноста за вашата независна надворешна политика“, кажа Путин.

    Откако синоќа прогласи победа, Вучиќ изјави дека Србија ќе продолжи да ги одржува односите со своите традиционални пријатели, како и преговорите за членство во ЕУ.

    Орбан, пак, во својот победнички говор ги опиша бирократите од Брисел и Володимир Зеленски како противници.

    „Никогаш не сме имале повеќе противници, бирократите од Брисел, светските медиуми, украинскиот претседател. Ова е огромна победа што е видлива од Месечината, а секако и од Брисел“, изјави Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира