ПУТИН ГО СУСПЕНДИРА ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ СО САД

    ПУТИН ГО СУСПЕНДИРА ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ СО САДВо денешниот говор, Путин ги повтори своите тврдења дека западот е виновен за војната во Украина (Фото: АП)

    Владимир Путин објави дека Русија го суспендира договорот за намалување на стратешкото вооружување помеѓу САД и Русија, „Нов старт“. Во денешното обраќање во рускиот парламент, Путин кажа дека Русија мора да биде подготвена да тестира нуклеарно оружје ако САД први го направат тоа. Путин најави нови стратешки системи кои се ставени во боева готовност и предупреди дека Русија може да продолжи со нуклеарни тестови.

    Принуден сум денеска да соопштам дека Русија го суспендира своето учество во договорот за стратешкото офанзивно вооружување“, изјави Путин.

    Нов старт“ е последниот преостанат договор за нуклеарното оружје помеѓу САД и Русија, а беше продолжен за уште пет години во 2021. Оригинално потпишан во 2010, договорот ги ограничува двете држави да поседуваат најмногу 1.550 нуклеарни глави со долг дострел, што е помала бројка во однос на претходниот договор „Старт“.

    Во суштина, Путин предупредува дека може да ја уништи архитектурата на контролата на нуклеарното вооружување – вклучувајќи го мораториумот на големите сили за нуклеарно тестирање – во обид да го натера Западот да се повлече во Украина.

    Во денешниот двочасовен говор, Путин ги повтори своите тврдења дека западот е виновен и одговорен за војната во Украина и дека режимот во Киев е неонацистички.

    Никој не ја напаѓа Русија. Апсурдно е да се каже дека Русија била под воена закана од Украина или некој друг“, реагираше Белата куќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира