ПУТИН НАРЕДИ РУСКИ МИРОТВОРЦИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК

    ПУТИН НАРЕДИ РУСКИ МИРОТВОРЦИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ДОЊЕЦК И ЛУГАНСКЗападните сили најавија дека на потегот на Путин ќе реагираат со санкции (Фото: АП)

    Владимир Путин му нареди на министерството за одбрана да испрати руски миротворци во отцепените региони во источна Украина, кои од 2014 се под контрола на проруските сепаратисти. Ова следува откако рускиот претседател ги потпиша документите за признавање на независноста на народните републики Доњецк и Луганск, што беше осудено од САД, ЕУ, НАТО и Велика Британија. Западните сили најавија дека на потегот на Путин ќе реагираат со санкции.

    Во декретот што вечерва го потпиша Путин стои дека руските вооружени сили ќе имаат за цел да одржуваат мир во двете признати републики, без да се прецизира што значи тоа. Експертите сметаат дека Путин сега и официјално може да испрати руски трупи во источна Украина.

    Москва досега ги негираше обвинувањата од Украина и западот дека веќе има свои сили во регионот Донбас, каде што со години владее кревко примирје.

    „Руското признавање на таканаречените народни републики Доњецк и Луганск бара брз и цврст одговор и ние ќе преземеме соодветни чекори во координација со нашите партнери“, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира