ПУТИН НЕ НЕГИРАШЕ ДЕКА СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ ПРИСТИГНАЛЕ ВО РУСИЈА

    ПУТИН НЕ НЕГИРАШЕ ДЕКА СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ ПРИСТИГНАЛЕ ВО РУСИЈАПутин се повика на руското партнерство со Северна Кореја, кое предвидува и заемна одбрана (Фото: АП)

    Владимир Путин не ги негираше тврдењата дека Северна Кореја испратила војници во Русија, додавајќи дека Москва самата решава како ќе го спроведува договорот за заемна одбрана со Пјонгјанг. Тој притоа го обвини западот дека ја ескалира војната во Украина.

    САД, Јужна Кореја и Украина велат дека нивните разузнавачки информации говорат дека севернокорејски војници веќе пристигнале во Русија. Вашингтон во средата кажа дека има докази оти 3.000 севернокорејски војници е обучуваат во воени бази на истокот на Русија и можеби ќе се вклучат во војната против Украина. Киев вели дека севернокорејски војници веќе се распоредени во рускиот регион Курск.

    Запрашан за време на самитот на блокот БРИКС во Казан за сателитските снимки кои покажуваат движење на севернокорејските трупи, Путин одговори:

    Снимките се сериозна работа. Ако има снимки, тоагш тие одразуваат нешто“.

    Тој возврати дека офицери и инструктори на НАТО се директно вмешани во војната во Украина и дека западот е тој кој ја заострува кризата.

    Ние знаеме кој е присутен таму, од кои членки на НАТО и како ја спроведуваат нивната работа“, кажа рускиот лидер.

    Тој се повика на членот 4 од руското партнерство со Северна Кореја, кој зборува за заемна одбрана.

    Никогаш не сме се сомневале дека севернокорејството раководство сериозно ги сфаќа нашите договори. Она што го правиме со членот 4 е наша работа“, кажа Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира