ПУТИН ОЧЕКУВА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ДА БИДЕ ДОЛГА, ВЕЛИ ДЕКА СЕКОЈ ДЕН ВО РУСКАТА ВОЈСКА СЕ ПРИЈАВУВААТ НАД 1.000 ДОБРОВОЛЦИ

    ПУТИН ОЧЕКУВА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ДА БИДЕ ДОЛГА, ВЕЛИ ДЕКА СЕКОЈ ДЕН ВО РУСКАТА ВОЈСКА СЕ ПРИЈАВУВААТ НАД 1.000 ДОБРОВОЛЦИПутин кажа дека украинската противофанзива досега беше неуспешна (Фото: Гети)

    Владимир Путин призна дека војната во Украина би можела да биде долга, сметајќи дека САД ќе продолжат да ја гледаат Русија како непријател без разлика кој ќе победи на претседателските избори во 2024. Зборувајќи неколку часа на Источниот економски форум во Владивосток, Путин кажа дека украинската противофанзива досега беше неуспешна и дека Украина изгубила 71.000 војници во нападите.

    Дури откако ќе ги исцрпи силите, опремата и муницијата, Украина ќе сака да разговара. Многумина потенцијални посредници ме прашаа дали Русија е подготвена да запре со борбите, но им кажав дека тоа не е можно додека се соочува со украинската противофанзива. За да има шанса за разговори, Украина прво мора да ја укине самововедената забрана за мировни преговори и да објасни што сака. Потоа ќе видиме“, изјави Путин.

    Русија контролира околу 18% од територијата на Украина, вклучувајќи го и Крим, што го анектираше во 2014. За повеќе од една и пол година војна загинаа стотици илјади војници и цивили, иако Путин најавуваше дека таа ќе биде готова за неколку дена. Во неколку успешни противофанзиви, Украина дури успеа да поврати дел од претходно окупираната територија, но онаа почната во јуни бавно и тешко се одвива поради силно утврдените руски одбранбени позиции.

    Путин кажа дека засега нема потреба од нова воена мобилизација во Русија, бидејќи секој ден, во војска се пријавуваат меѓу 1.000 и 1.500 доброволци. Според него, во изминатите шест-седум месеци, 270.000 Руси потпишале договори со војската.

    Тој деновиве треба да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и САД велат дека притоа би можело да се разговара за можноста Северна Кореја да ѝ продаде оружје и муниција на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира