ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ДА ГИ ВРАТИ ОКУПИРАНИТЕ ДЕЛОВИ НА СУМИ И ХАРКИВ, А УКРАИНА ДА ГО ПРЕДАДЕ ДОНБАС

    ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ДА ГИ ВРАТИ ОКУПИРАНИТЕ ДЕЛОВИ НА СУМИ И ХАРКИВ, А УКРАИНА ДА ГО ПРЕДАДЕ ДОНБАСТрамп го промени пристапот по самитот, согласувајќи се со Путин дека веднаш треба да се оди на мировен договор, а не прво со примирје (Фото: АФП)

    Русија би се откажала од мали делови од окупираната Украина, а Киев би го отстапил остатокот од својата источна територија што руската војска досега не успеа да го освои, стои во мировните предлози за кои разговарале Доналд Трамп и Владимир Путин на самитот на Алјаска, изјавија извори запознати со разговорите. За ова се дозна ден по самитот во воена база во Енкориџ, на кој Трамп не успеа да договори прекин на огнот на што се надеваше.

    Володимир Зеленски, кој утре ќе патува во Вашингтон, наводно го одбил овој предлог откако Трамп му го изложил во телефонскиот разговор по самитот. Засега е нејасно дали предлогот на Путин е потег што ќе послужи како почетна точка за преговори или е конечна понуда.

    Во интервју со „Фокс њуз“ по самитот, Трамп навести дека со Путин разговарале за размена на територија и за безбедносни гаранции за Украина. Трамп го промени пристапот по самитот, согласувајќи се со Путин дека веднаш треба да се оди на мировен договор, а не прво со примирје. Зеленски кажа дека руското одбивање на примирје ги комплицира напорите да се заврши војната.

    Гледаме дека Русија ги отфрла бројните повици за прекин на огнот и сѐ уште не одлучила кога ќе запре со убивањето. Ова ја комплицира ситуацијата“, напиша Зеленски на Икс.

    Според предложениот руски договор, Украина би морала целосно да се повлече од регионите Доњецк и Луганск во замена за замрзнување на фронтот во Херсон и Запорожје. Ова се четирите региони кои Путин незаконски ги анектираше уште во 2022 и ги смета за дел од Русија, иако засега не ги контролира во целост.

    Русија би била подготвена да врати релативно мали делови од украинската територија што ги има окупирано во регионите Суми и Харкив, велат изворите. Русија држи околу 440 квадратни километри во Суми и Харкив, додека Украина и натаму контролира околу 6.600 квадратни километри од Донбас, главно во Донецк.

    Пред неколку дена, Зеленски ја отфрли можноста за отстапување на Донбас, сметајќи дека тоа би послужило како појдовна точка за идни руски напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира