ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ САМИТ СО ТРАМП И ШЈИ НА КОЈ БИ СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ САМИТ СО ТРАМП И ШЈИ НА КОЈ БИ СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНАСамитот би требало да се одржи во Кина следниот месец (Фото: ТАСС)

    Владимир Путин предложил самит со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Шји Џинпинг следниот месец, на кој би се разговарало за прекин на војната во Украина, објавија американските медиуми.

    Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, предупреди дека таков состанок само ќе го охрабри Путин да ја продолжи војната, додека Европската комисија ја доведе во прашање подготвеноста на Москва да преговара за завршување на конфликтот.

    „Трилатерален состанок на лидерите на Украина, САД и Русија би можел да помогне за побрзото завршување на војната. Трилатерален состанок на лидерите на Русија, Кина и САД би го направил спротивното: би го охрабрил Путин да ја продолжи оваа војна“, напиша Сибиха на Икс.

    Според „Вол стрит џурнал“, предлогот бил изнесен за време на телефонскиот разговор помеѓу Путин и Трамп на 9 октомври, кога беше постигнат договор за извоз на руски дизел. Повикувајќи се на луѓе запознати со дискусиите, „Вол стрит џурнал“ објави дека Кремљ предложил состанокот да се одржи на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка, што ќе се одржи во Шенжен на 18 и 19 ноември.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, потврди за весникот дека разговорите се во тек, но сè уште не бил постигнат договор за состанокот или за неговата агенда. Висок американски функционер изјави дека Трамп не се согласил да присуствува, но би можел да биде отворен за предлогот.

    Нема назнаки дека и Украина би била поканета. Путин досега ги одбиваше повиците за средба со Володимир Зеленски на неутрален терен, инсистирајќи сите директни разговори да се одржат во Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира