ПУТИН ПРОШЕТА НИЗ КРИМ, ДЕН ОТКАКО МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА

    ПУТИН ПРОШЕТА НИЗ КРИМ, ДЕН ОТКАКО МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВАПутин и гувернерот на Севастопол, Михаил Развожајев денеска посетија уметнички центар. (Фото: АП)

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети Крим за да ја одбележи деветгодишнината од анексијата на полуостровот на Црното Море од Украина. Посетата следи по еден ден откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот лидер обвинувајќи го за воени злосторства во Украина.

    Руските државни информативни агенции објавија дека Путин посети уметничко училиште и детски центар кои се дел од проектот за развој на историски парк на местото на античка грчка колонија. Од Москва до Севастопол стигнал со авион, а потоа сам го возел автомобилот на прошетката низ градот.

    Налогот за апсење на Путин се темели на сомнежите за нелегална депортација на деца и за нелегален трансфер на луѓе од Украина на територијата на Руската Федерација. Москва постојано ги негира обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства за време на едногодишната инвазија на Украина и тврди дека тие не напаѓаат цивили.

    Русија го анектираше Крим од Украина во 2014, потег што поголемиот дел од светот го осуди како незаконски. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара Русија да се повлече од полуостровот, како и од областите што ги окупира од минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира