ПУТИН Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА КИНА ЗА БАЛАНСИРАНАТА ПОЗИЦИЈА КОН УКРАИНА

    ПУТИН Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА КИНА ЗА БАЛАНСИРАНАТА ПОЗИЦИЈА КОН УКРАИНАНа самитот во Узбекистан учествуваат осум држави (Фото: АП)

    Владимир Путин му се заблагодари на кинескиот претседател Шји Џинпинг за балансираната позиција на неговата земја во однос на Украина. Тие се сретнаа на самит во Узбекистан, што е првото патување на Шји надвор од Кина од почетокот на пандемијата.

    Путин притоа ги осуди обидите за создавање униполарен свет, додека Шји кажа дека Кина сака да соработува со Русија како две големи сили.

    Многу ја почитуваме добро избалансираната позиција на нашите кинески пријатели во однос на украинската криза. Ги разбираме вашите прашања и грижи во врска со ова и дополнително ќе дадеме детаљно објаснување за нашата позиција“, рекол Путин.

    Кина не ја поддржа руската инвазија на Украина, но во меѓувреме ги засили трговските и други врски со Москва. Путин и Шји последен пат се сретнаа во Пекинг за време на Зимската олимпијада, за набргу потоа Русија да ја нападне Украина.

    Во изминатите недели, двете земји одржаа заедничка воена вежба, а Кина го зголеми увозот на руските енергенси. Сепак, Кина повлече одредена линија, па Русија се сврте кон Иран и Северна Кореја за да побара помош во оружје. Некои експерти веруваат дека Шји ќе задржи одредена дистанца кон Путин од неколку причини.

    На самитот на Шангајската организација за соработка учествуваат осум држави, меѓу кои и Индија и Пакистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира