ПУТИН СЕ ЗАКАНИ СО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ АКО РУСИЈА БИДЕ НАПАДНАТА СО ЗАПАДНИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ

    ПУТИН СЕ ЗАКАНИ СО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ АКО РУСИЈА БИДЕ НАПАДНАТА СО ЗАПАДНИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛПутин кажа дека новата нуклеарна доктрина јасно ќе ги постави условите во кои Русија би употребила нуклеарно оружје (Фото: Спутник)

    Владимир Путин ја испрати најсилната закана за употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина досега откако кажа дека напад од ненуклеарна земја поддржан од држава која поседува нуклеарно оружје ќе го смета за заеднички напад. Тој изјави дека руската влада размислува да ги промени правилата и предусловите во врска со употребата на нуклеарно оружје.

    Украина не поседува нуклеарно оружје, но прима обемна воена помош од САД и други држави кои го имаат.

    Путин реагираше додека Украина продолжува да бара одобрение за напади врз Русија со западни проектили со долг дострел. Володимир Зеленски и Џо Бајден денеска ќе се сретнат во Вашингтои и се очекува и ова барање да биде една од темите на разговорите. Киев сака да ги напаѓа руските бази од каде што се изведуваат воздушни напади врз Украина.

    На Русија не ѝ преостана ништо друго освен нуклеарни закани со кои сака да го уценува и застрашува светот“, изјави шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.

    Путин и порано се закануваше со нуклеарно оружје, но последните најави претставуваат радикално заострување.

    Новата нуклеарна доктрина јасно ќе ги постави условите во кои Русија би употребила нуклеарно оружје. Таквите сценарија вклучуваат и напади со конвенционални проектили. Русија ќе ја разгледа можноста за употреба на нуклеарно оружје доколку открие почеток на масовно лансирање проектили, авиони и беспилотни летала кон нејзина територија. Се предлага агресијата врз Русија од која било ненуклеарна држава со учество или поддршка на нуклеарна држава да се смета како нивни заеднички напад врз Руската Федерација“, кажа Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира