Владимир Путин вети дека ќе обезбеди безбедност и дека Русија ќе ги надмине предизвиците откако Украина ги засили своите одмазднички напади врз руската енергетска инфраструктура.
„Да, ги гледаме проблемите, свесни сме за нив и реагираме на нив, но сигурно ќе ги обезбедиме безбедноста и на земјата и на нашите граѓани и неповредливоста на границите на Русија“, рече Путин на конгресот на партијата Единствена Русија.
Путин одржа говор неколку часа откако украинските дронови погодија уште две руски рафинерии во она што Володимир Зеленски го нарече 40-дневна операција на притисок врз Русија.
„Несомнено ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме денес, вклучително и терористичките напади врз нашите територии и инфраструктурни објекти“, порача Путин.
Минатата недела, украински дронови предизвика голем пожар во рафинерија на југоистокот на Москва, обвиткувајќи ги предградијата на главниот град во облаци од густ црн чад. Анектираниот полуостров Крим во петокот прогласи вонредна состојба во обид да ги ублажи последиците од зголемените украински воздушни напади.



