Бугарскиот премиер Румен Радев ја одби поканата на Емануел Макрон да учествува на средбата на коалицијата за помош на Украина, што се одржа во Париз, велејќи дека неговата земја не припаѓа таму.
„Ние нема да учествуваме во коалиција која инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина. Ние не даваме таква помош затоа што верувам дека решението на овој конфликт не е во неговото продолжување со воени средства, туку во силна дипломатска мисија, која конечно ќе стави крај на ескалацијата“, кажа Радев.
Тој ја презеде функцијата на 8 мај и неговата влада изјави дека Бугарија повеќе нема да обезбедува воена опрема за Украина. Тој прво рече дека Бугарија ќе учествува во финансиската помош на НАТО за Украина според способностите на Бугарија, за потоа да каже дека нема пари за тоа.
Радев денеска се дистанцираше и од најавата за нов сојуз на европски земји, чија цел е заедничка одбрана од можни напади со балистички ракети. Групата ги вклучува Украина, Франција, Германија, Данска, Италија, Холандија, Шпанија, Шведска, Велика Британија и Норвешка.
Бугарскиот премиер, исто така, побара да се процени ефикасноста на европските санкции против Русија.
„Кога ќе го воведеме 21. пакет санкции, мора да се запрашаме зошто стигнавме до оваа точка и што се случи со претходните 20 пакети. Тие очигледно не ја постигнуваат целта. Санкциите мора да бидат структурирани така што нема да им наштетат на земјите кои ги воведуваат“, рече тој.



