РАДЕВ ПРЕД ОСВОЈУВАЊЕ НА АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА

    РАДЕВ ПРЕД ОСВОЈУВАЊЕ НА АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈАРадев важи за прагматичен и по малку проруски лидер и се противи на бугарската воена поддршка за Украина (Фото: АП)

    Партијата Прогресивна Бугарија на бившиот претседател Румен Радев веројатно ќе може самостојно да формира влада откако освои апсолутно мнозинство на вчерашните парламентарни избори, осми во Бугарија за период од пет години. По 87% пребројани гласови, Радев има убедливо водство од 44,56% гласови, а далеку на второто место е либералната коалиција „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ со 13,45%.

    За коалицијата ГЕРБ-СДС, предводена од некогашниот премиер Бојко Борисов, гласаа само 13,31% избирачи, откако на претходните неколку избори тесно победуваше.

    Проценките велат дека Прогресивна Бугарија ќе има над 130 пратеници во новиот состав на парламентот, со што ќе може сама да состави влада. Радев ја формираше партијата непосредно пред изборите откако ги поддржа антивладините протести во декември, кои доведоа до повлекување на контроверзниот буџет и пад на владата.

    Луѓето ги отфрлија самозадоволството и ароганцијата на старите партии и не станаа жртви на лаги и манипулации. Им благодарам за нивната доверба. Ветувам дека ќе изградам силна Бугарија во силна Европа. Она што ѝ е потребно на Европа во моментов е критичко размислување, прагматични акции и добри резултати, особено за да изгради нова безбедносна архитектура и да ја врати својата индустриска моќ и конкурентност. Тоа ќе биде главниот придонес на Бугарија кон нејзината европска мисија“, рече Радев.

    Шеесет и двегодишниот Радев важи за прагматичен и по малку проруски лидер, кој ги критикуваше европските санкции за Русија и повика на конструктивен дијалог со Кремљ. Тој исто така се противи на бугарската воена поддршка за Украина. Бугарија е важен снабдувач на Украина со муниција и експлозиви, што ги извезува преку трети земји, особено Романија.

    Сепак, предизборната кампања му беше заснована главно на домашни политики, ветувајќи дека ќе се бори против корупцијата и ќе врати стабилна влада по години слаби коалиции. Тој се повлече од функцијата претседател во јануари за да го формира своето ново движење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира