РАДЕВ ПРЕДИЗВИКА ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ СО УКРАИНА ОТКАКО КАЖА ДЕКА КРИМ Е РУСКИ

    РАДЕВ ПРЕДИЗВИКА ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ СО УКРАИНА ОТКАКО КАЖА ДЕКА КРИМ Е РУСКИРадев е фаворит за освојување на вториот мандат на денешните избори (Фото: АФП)

    Украина го повика бугарскиот амбасадор во министерството за надворешни работи откако претседателот Румен Радев изјави дека полуостровот Крим е дел од Русија од анексијата во 2014 година.

    За време на претседателската дебата во пресрет на денешниот втор изборен круг, Радев кажа дека западните санкции против Русија не ги дале очекуваните резултати и дека Европската Унија би требала да го обнови дијалогот со Москва, без разлика колку биле затегнати односите.

    „Многу е важно да се биде прагматичен во надворешната политика. Бугарија не треба да ја гледа Русија како непријател. ЕУ ги воведе санкциите поради Крим и Украина не доби ништо со тоа“, изјави Радев, за подоцна да додаде дека Крим очигледно е руски.

    Украинското министерство за надворешни работи побара од Радев да ги повлече своите коментари.

    „Тие не се во согласност со официјалната позиција на Софија да ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритат на нашата држава. Зборовите на Радев не придонесуваат за развојот на добрите односи помеѓу Украина и Бугарија“, соопшти министерството.

    Радев беше избран за претседател на Бугарија во 2017 и се очекува денеска да освои нов мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира