РАДЕВ УБЕДЛИВ ПОБЕДНИК НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА, СПОРЕД ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ

    РАДЕВ УБЕДЛИВ ПОБЕДНИК НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА, СПОРЕД ПРВИЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИТочниот распоред на мандатите во новиот парламентарен состав ќе биде познат по пребројувањето на сите гласови. (Фото: Фејсбук)

    Поранешниот претседател Румен Радев извојува убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија. Неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ освои меѓу 38 и 39 отсто од гласовите, покажуваат првичните податоци од излезните анкети на социолошките агенции. Ваква висока поддршка за една политичка опција во земјата не е забележана од 2009 година.

    Партијата ГЕРБ се соочува со историски најслаб резултат од 14 до 16 отсто, што е под првичните предвидувања. Со сличен резултат од околу 14 отсто се позиционира и коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ). На четвртото место е „ДПС-Нов почеток“ на Делјан Пеевски со 8 отсто поддршка. Партијата „Преродба“ се движи околу 5 отсто, додека за БСП сè уште е неизвесно дали ќе го помине изборниот праг за влез во Собранието.

    Точниот распоред на мандатите во новиот парламентарен состав ќе биде познат по пребројувањето на сите гласови. Иако Радев има голема предност, проценките велат дека во моментов му недостигаат десетина пратеници за да формира самостојно мнозинство од 121 глас.

    Широк политички консензус ќе биде потребен и за обезбедување на уставно мнозинство од 160 пратеници. Оваа бројка е клучна за најавените реформи во правосудниот систем, вклучувајќи го изборот на нов Висок судски совет и промените во работата на обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира