РАПЕРИ И БИВШИОТ СОВЕТНИК СТИВ БЕНОН МЕЃУ 73 ЛИЦА ШТО ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА ПРЕД ДА ЗАМИНЕ ОД БЕЛАТА КУЌА

    РАПЕРИ И БИВШИОТ СОВЕТНИК СТИВ БЕНОН МЕЃУ 73 ЛИЦА ШТО ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА ПРЕД ДА ЗАМИНЕ ОД БЕЛАТА КУЌАНа раперот Лил Вејн му се судеше според федерален закон за оружје (Фото: Ројтерс)

    Рапери и поранешни соработници се меѓу 73 лица што Доналд Трамп ги помилува во пресрет на денешното напуштање на Белата куќа.

    Неколку часа пред инаугурацијата на Џо Бајден во нов претседател, Трамп со една од своите последни одлуки го помилува бившиот советник Стив Бенон, кој во август беше обвинет за измама на стотици илјади донатори кои собрале 25 милиони долари во кампањата „Ние го градиме ѕидот“. Бенон, кој со ова се спаси од судски процес, притоа наводно примил најмалку еден милион долари.

    Меѓу помилуваните се и раперите Лил Вејн и Кодак Блек, на кои им се судеше според федерален закон за оружје, како и бившиот градоначалник на Детроит, Кваме Килпатрик, кој служеше 28-годишна затворска казна за корупција.

    И покрај тоа што имаше такви најави, Трамп не се помилува себеси, ниту друг член на семејството и својот адвокат Руди Џулијани. На листата не се најде ни Џулијан Асанж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира