РАСТЕ ПОБАРУВАЧКАТА ЗА ЛЕТОВИ СО ПРИВАТНИ АВИОНИ ЗА БЕГАЊЕ ОД ИЗРАЕЛ

    РАСТЕ ПОБАРУВАЧКАТА ЗА ЛЕТОВИ СО ПРИВАТНИ АВИОНИ ЗА БЕГАЊЕ ОД ИЗРАЕЛЦените за приватен авион со шест до осум седишта од Тел Авив се околу 40.000 долари до Дубаи и 50.000 долари до Европа. (Фото: СДК.МК)

    Побарувачката за чартер летови, вклучително и приватни авиони кои чинат до 50.000 долари за лет, се зголемува бидејќи луѓето брзаат да излезат од Израел, изјави вчера извршниот директор на швајцарската „ЛунаЏетс“. Смртоносните напади врз Израел од милитантите на Хамас беа проследени со израелско одмаздничко бомбардирање на Газа и трупање тенкови околу нејзината граница. Некои влади, како што се САД, Франција и Германија, ги евакуираат граѓаните со чартер летови, но некои авиони се полни, а други се откажани бидејќи авиокомпаниите се плашат од ризиците.

    Ејмерик Сегард, извршен директор и основач на брокерот за приватни авиони „ЛунаЏетс“, вели дека сите барања за авиони се итни и се бара само излез од Израел. Често патниците не бараат одредена дестинација, туку велат само да е некаде во централна Европа.

    Во една типична недела, компанијата со седиште во Женева би оперирала еден или евентуално два чартер лета во Тел Авив, но оваа недела планира 10 со околу 500 патници, меѓу кои и до дестинации како Париз, Дубаи и Женева, рече тој. Компанијата имаше барања и за летови од Аман, Јордан и Бејрут, Либан.

    „ЛунаЏетс“ и сестринската компанија „Луна груп чартер“ беа вклучени во евакуациите во Авганистан по преземањето на Талибанците во 2021, а минатиот месец донесоа и помош по земјотресот во Мароко .

    „Ние ја имаме оваа експертиза и тоа е она што ни помага овие летови да се реализираат и да се реализираат брзо“, рече Сегард.

    Цените за приватен авион со шест до осум седишта од Тел Авив се околу 40.000 долари до Дубаи и 50.000 долари до Европа. Цените се за 5-10% повисоки отколку во нормални времиња, трошок за кој Сегард вели дека е оправдан оти операторите понекогаш бараат воено осигурување, како и затоа што има и други тешкотии, на пример наоѓање авион или добивање дозволи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира