РЕЧИСИ 1.000 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА ВО ЕДЕН ДЕН, НОВ РЕКОРД НА СВЕТСКО НИВО

    РЕЧИСИ 1.000 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА ВО ЕДЕН ДЕН, НОВ РЕКОРД НА СВЕТСКО НИВОВкупната бројка починати во Италија порасна на 9.134 (Фото: Ројтерс)

    Пандемијата на коронавирусот доби уште пострашни размери откако во последните 24 часа во Италија починале дури 969 луѓе, што е убедливо најмногу во еден ден во која било земја досега.

    Ова е речиси 300 повеќе во споредба со вчерашната бројка и доаѓа откако шефот на Националниот здравствен институт Силвио Брусаферо кажа дека ширењето на заразата во земјата сѐ уште не го достигнало врвот.

    Вкупната бројка починати во Италија сега порасна на 9.134. Ситуацијата останува најлоша во северниот регион Ломбардија, каде што има нови 514 починати.

    Досегашниот рекорд во Италија и воопшто на светот беше 793 мртви во еден ден, што се случи минатата сабота.

    Во Италија има и 5.909 новозаразени, односно 86.448 вкупно. Речиси 4.000 луѓе се на интензивна нега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира