РЕДОВНО КОРИСТЕЊЕ ЛЕКОВИ ГО СПРЕЧУВА ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА ХИВ, ПОТВРДИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    РЕДОВНО КОРИСТЕЊЕ ЛЕКОВИ ГО СПРЕЧУВА ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА ХИВ, ПОТВРДИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕСпоред податоците од 2017, од 40 милиони луѓе кои се носители на ХИВ, 21,7 милиони користат антиретровирусни третмани (Фото: АП)

    Научници најавуваат дека крајот на епидемијата на сида е на повидок, откако едно истражување потврди дека мажи кои користат антиретровирусни лекови немаат никакви шанси да го заразат својот партнер.

    Ова европско истражување опфати 972 геј двојки, кај кои еден ХИВ-позитивен партнер користи третман за потиснување на вирусот и притоа немало ниту еден случај на негово пренесување при секс без заштита. Ова се должи на тоа што третманот го намалува вирусот во телото до многу мало ниво.

    „Она што не може да се забележи е еднакво на она што не може да се пренесе и тоа треба да биде основно знаење за ХИВ за сите. Оваа моќна порака може да стави крај на пандемијата на ХИВ, така што ќе се спречува негово пренесување“, вели авторот на студијата Алисон Роџер“.

    Според податоците од 2017, во светот има речиси 40 милиони луѓе кои се носители на ХИВ, од кои 21,7 милиони користат антиретровирусни третмани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира