РЕДУКЦИИТЕ НА СТРУЈАТА ВО УКРАИНА БИ МОЖЕЛЕ ДА ТРААТ ДО МАРТ 2023, ВЛАДАТА ГИ ПОВИКА ЦИВИЛИТЕ ДА ЗАМИНАТ ОД ХЕРСОН ПРЕД ЗИМАТА

    РЕДУКЦИИТЕ НА СТРУЈАТА ВО УКРАИНА БИ МОЖЕЛЕ ДА ТРААТ ДО МАРТ 2023, ВЛАДАТА ГИ ПОВИКА ЦИВИЛИТЕ ДА ЗАМИНАТ ОД ХЕРСОН ПРЕД ЗИМАТАЖителите на Херсон чекаат во ред за да наполнат вода за пиење (Фото: АП)

    Украинците веројатно ќе живеат со редукции на струјата до крајот на март, предупреди Сергеј Коваленко, шефот на големата енергетска компанија „ЈАСНО“, додека властите ги повикаа жителите на ослободените делови на Херсон и Миколаив да заминат во други подрачја од земјата пред зимата.

    Соочени со зима во која некои области нема да имаат струја или ќе ја имаат ретко, претседателот Володимир Зеленски ги повика Украинците да штедат енергија, особено во тешко погодени делови како Киев, Виница, Суми и Одеса.

    Еден од одговорите на Москва на неодамнешните воени неуспеси беше ракетирањето на енергетската инфраструктура на Украина, при што Зеленски кажа дека се онеспособени половина од капацитетите. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кажа дека овие напади се последица на тоа што Киев нема желба да преговара.

    Сакам на сите да им биде јасно: милиони Украинци веројатно ќе живеат со редукции на дневна база до крајот на март. Во сегашната ситуација, ако нема нови напади, дефицитот на струја би можел да биде рамномерно распределен низ целата земја. Тоа значи ќе има исклучувања, но ќе бидат пократки. Има различни предвидувања за развојот на оваа ситуација, но сите зависат од руските напади. Во секој случај, снабдете се со топла облека и ќебиња, размислувајте за други опции што би можеле да ви помогнат при долги исклучувања“, порача Коваленко.

    Украинската влада им понуди на жителите на Херсон и Миколаив да се евакуираат во централните и западните региони со подобра инфраструктура, сметајќи дека без доволно струја, вода и греење условите за живот во претстојните месеци ќе бидат многу тешки. Светската здравствена организација предупреди дека милиони Украинци се соочуваат со животно загрозувачка зима.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира