РЕКОРДНИ 23 ЧЛЕНКИ НА НАТО ЈА ПОСТИГНАЛЕ ЦЕЛТА ЗА ТРОШЕЊЕ ЗА ОДБРАНАТА, МЕЃУ НИВ Е И МАКЕДОНИЈА

    РЕКОРДНИ 23 ЧЛЕНКИ НА НАТО ЈА ПОСТИГНАЛЕ ЦЕЛТА ЗА ТРОШЕЊЕ ЗА ОДБРАНАТА, МЕЃУ НИВ Е И МАКЕДОНИЈАБајден кажа дека НАТО станало поголемо и посилно од кога било под водство на Столтенберг (Фото: АП)

    Рекордни 23 од 32-те членки на НАТО оваа година ја достигнале целта на трошење на одбраната поставена од западната воена алијанса, објави генералниот секретар Јенс Столтенберг, откако војната во Украина ги зголеми заканите за поширок конфликт во Европа. Меѓу овие 23 држави е и Македонија, која издвојува 2,2% од својот бруто домашен производ за одбраната.

    Ова е четирикратно повеќе од 2021, кога само шест држави ја исполнувале целта, но тоа беше пред Владимир Путин да нареди целосна инвазија на Украина.

    „Европејците сега прават повеќе за својата колективна сигурност отколку пред неколку години“, изјави Столтенберг.

    Членките на НАТО минатата година се согласија дека ќе трошат најмалку 2% од својот БДП за одбраната. Две држави кои граничат со Русија издвојуваат најмногу: Полска – 4,1% и Естонија – 3,4%, со што се пред САД, кои даваат 3,4%. Следуваат Летонија, Грција, Литванија, Финска, Данска, Велика Британија…

    Македонија е на 11. место на оваа листа, пред земји како Норвешка, Бугарија, Германија, Турција, Франција и Албанија.

    Меѓу оние кои не ја постигнале целта на НАТО се Хрватска, Италија, Канада, Словенија и Шпанија, која издвојува најмалку, само 1,3%.

    Некои земји се загрижени од можното враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, кој додека беше претседател бараше од членките на НАТО да трошат повеќе за одбраната. Во почетокот на оваа година, тој кажа дека САД не би браниле ниедна членка на НАТО која не си ги исполнува финансиските обврски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира