РЕКОРДНИ 3,3 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

    РЕКОРДНИ 3,3 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА ЗА ЕДНА НЕДЕЛААналитичарите велат дека ова е најлошиот ден за пазарот на трудот во историјата на САД (Фото: АП)

    Рекордни 3,3 милиони Американци останале без работа минатата недела откако кризата со коронавирусот затвори големи делови на американската економија.

    Според официјални податоци, ова е драматичен пораст во однос на неделата пред тоа, кога 281.000 луѓе побарале бенефиции за невработеност.

    Ова е најголемата бројка регистрирана досега, а претходниот рекорд беше поставен во октомври 1982 година, кога во една недела 695.000 луѓе се пријавиле како невработени.

    „Најновите податоци покажуваат дека САД се движат кон катастрофална криза на невработеност, каква што не е видена од Големата депресија. Ова е најлошиот ден за пазарот на трудот во историјата на САД“, изјави економскиот аналитичар Ендрју Стетнер.

    Ова следува истиот ден кога Сенатот го усвои пакетот од 2.200 милијарди долари за помош на економијата. Иако бројот на заразени и починати од КОВИД-19 постојано расте, Доналд Трамп вчера оптимистично најави дека американската економија повторно ќе се отвори до Велигден на 12 април.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира