РЕКОРДНИ 4.187 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ВО ЕДЕН ДЕН ВО ИНДИЈА, НОВОЗАРАЗЕНИ ПОВТОРНО НАД 400.000

    РЕКОРДНИ 4.187 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ВО ЕДЕН ДЕН ВО ИНДИЈА, НОВОЗАРАЗЕНИ ПОВТОРНО НАД 400.000Индија е второ место во светот по бројот на заразени, зад САД со 32,6 милиони случаи. (Фото: Зума)

    Индија за првпат регистрираше повеќе од 4.000 смртни случаи поврзани со ковид-19 во еден ден и над 400.000 новозаразени четврти пат во неделава, според официјалните податоци од здравствените власти.

    Во последните 24 часа починаа најмалку 4.187 луѓе и бројката на вкупно починати стигна до 238.270. Вкупно заразени досега се речиси 22 милиони, откако денеска се регистрирани 401.078 нови случаи, што е трет ден по ред со над 400.000 нови случаи.

    Здравствениот систем е на работ на колапс во јужна и источна Индија, каде што има досега невиден раст на нови случаи. Неколку покраини како Тамил Наду и Керала воведоа нови затворања за да се спречи понатамошното ширење на заразата.

    Индија е второ место во светот по бројот на заразени, зад САД со 32,6 милиони случаи, додека по смртноста е на трето место, зад САД и Бразил, кои имаат над 400.000 починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира