ОД 18 МИЛИОНИ ВАКЦИНИРАНИ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО БРИТАНИЈА, КАЈ 30 СЕ ПОЈАВИЛА ТРОМБОЗА

    ОД 18 МИЛИОНИ ВАКЦИНИРАНИ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО БРИТАНИЈА, КАЈ 30 СЕ ПОЈАВИЛА ТРОМБОЗАВо Британија се откриени 30 случаи на тромбоза што се поврзуваат со вакцината на „АстраЗенека“ (Фото: СДК.МК)

    Британското регулаторно тело (МХРА) објави дека пронашло 30 случаи на тромбоза меѓу 18 милиони дадени вакцини против ковид-19 на „АстраЗенека“. Тоа го опиша ризикот од згрутчување на крвта како многу мал.

    До 24 март, во Велика Британија биле регистрирани 22 случаи на мозочна тромбоза и осум други типови на тромбоза, кои се случиле по примањето на вакцината на „АстраЗенека“.

    „Врз основа на овие податоци може да се заклучи дека придобивките од вакцината во борбата против ковид-19 ги надминуваат ризиците и сите би требало да ја примите оваа вакцина кога ќе бидете повикани“, соопшти МХРА.

    Во Велика Британија досега се вакцинирани 31 милион луѓе, од кои 18 милиони со „АстраЗенека“. Како резултат на забрзаната имунизација, седумдневната бројка на новозаразени падна на 55 на 100.000 жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира