РОМАНЦИТЕ ГЛАСАА ЗА ЛИДЕР ОСУДЕН ЗА ИЗБОРНА ИЗМАМА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Букурешт,(АП)

    РОМАНЦИТЕ ГЛАСАА ЗА ЛИДЕР ОСУДЕН ЗА ИЗБОРНА ИЗМАМА

    Романските Социјалдемократи лесно победија на парламентарните избори една година по отстранувањето на нивниот лидер од премиерската функција преку големото антикорупциско движење.

    Изборната комисија соопшти дека од 99 проценти од гласовите од вчерашното гласање, Социјалдемократите освоиле околу 46 проценти и централно-десничарските либерали беа втори со над 20 проценти.

    Πретседателот на Социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, се обрати вчера откако излезните анкети покажаа слични резултати. „Не треба да постојат дилеми околу тоа кој ги победи изборите“, рече тој. “Романците сакаат да се чувствуваат како во свој дом во нивната држава и јас сакам Романија да биде добар дом за сите Романци.“

    Драгнеа доби условна двегодишна затворска казна во април за изборна измама со зголемување на бројот на гласовите на референдумот во јули 2012 за да го запре тогашниот претседател Трајан Башеску.

    Според законот на 2001 година, на Драгнеа не му е дозволено да биде именуван за премиер, поради пресудата, и последната недела тој рече дека партијата нема да се обиде да го промени законот. Меѓутоа, на „Романија ТВ“ во понеделник тој изјави дека не ја отфрлил можноста за иден премиер.

    Прецедателот Клаус Јоханис рече дека нема да номинира премиер кој бил осуден и којшто е предмет на истражување за корупција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира